+389 70 275 682 info@lana.mk

контактирајте со нас

Ви стоиме на располагање
Прати поракаДонирај

контактот е важен

Бездомните кучиња се изложени на различни опасности на улиците, вклучувајќи глад, болести, повреди и злоставување. Заловувањето и обезбедувањето на безбеден и соодветен третман е начин за заштита и спречување на потенцијално злоставувње. Овие акции се поддржани и со законски рамки за заштита на животните.

Редовното заловување на бездомни кучиња може да помогне во контролата на популацијата и намалувањето на бројот на бездомни животни. Оваа мерка спречува размножување и допринесува кон управувањето со проблемите поврзани со зголемена популација на бездомни кучиња.

Бездомните кучиња често се изложени на различни болести и паразити. Стационарот за заловување обезбедува ветеринарска заштита, вакцинација и лекување на болести. Ова помага во подобрување на здравјето на животните и ја намалува можноста за пренесување на болести на други животни и луѓе.

Заловувањето и згрижувањето на бездомни кучиња во стационарот креира можност за нивно вдомување. Луѓето кои се заинтересирани за домашен љубимец можат да го посетат стационарот, што создава можност за нов дом и постојана семејна љубов за бездомните кучиња.

Контактот со нас е важен за хуманотска и законска заштита, контрола на популацијата, здравствена заштита и можност за вдомување, што придонесува кон подобрување на добробитта на бездомните кучиња.

Често поставени прашања
Како да пријавам каснување од куче?

Доколку граѓанин е каснат или изгребан од куче или мачка веднаш треба да се јави во најблиската здравствена установа за лекување на повредите настанати од каснување или гребење од куче или мачка. Доколку животното е со познат сопственик веднаш треба да пријави телефонски на надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето.

Зошто да вдомиш бездомно куче?

Вдомено бездомно куче, претставува едно куче помалку на улица. Тие ја имаат својата љубов длабоко скриена во нив, и кога ке почуствуват љубов тие се тука секогаш за Вас.

Дали по извршениот Ваш третман кучињата ги имаат основните документи?

Одговорот е краток и јасен, ДА, сите потребни документи ги поседуваат, извршено е вакцинирање, прочистување и истите се спремни за вдомување без никакви пречки

Сакам да пријавам бездомно куче на локација!

Ве молиме најпрво користејте ја контакт формата во КОНТАКТ делот на нашата интернет страница, доколку не успеете во тоа, пишете ни на нашата е-пошта info@lana.mk (кликнете овде). Ке бидете директно препратени кон делот за да нѝ пишете е-пошта, испратете кратка локација, опис и доколку сте во можност слика од кучето/кучињата.

каде да најдам Ценовник на услуги во ЈП Лана

Не постои ценовник во ЈП Лана. Нашата цел е ресоцијализација и хуман третман на бездомни кучиња.

E-mail

Прати порака

Контакт

телефон и е-мail

070 275 615
070 275 682
info@lana.mk

Време за посета

Понеделник: 10 – 14 часот
Вторник: 10 – 14 часот
Четврток: 10 – 14 часот
Петок: 10 – 14 часот
Сабота: 10 – 14 часот

адреса

Ул. Димитар Галев бр.1б, Струмица

Share This