+389 70 275 682 info@lana.mk

За Нас

Јавното претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња Стационар-Лана е прифатилиште за бездомни и нерегистрирани кучиња, коешто располага со сопствена ветеринарна амбуланта за потребите на заловените кучиња и педесет индивидуални живеалишта од полуотворен тип.
Станува збор за современо, организирано и функционално засолниште за привремен престој на бездомните кучиња ,кадешто ќе им биде овозможен медицински третман и нега, кастрација/стерилизација,вакцинација и одбележување со микрочип.
ЈПЗБК Стационар-Лана е сопственост на Општина Струмица, којашто е единствена општина во државата која располага со сопствено прифатилиште и ресурси за хумано и ефективно решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Целта ни е секое напуштено куче да се спаси и рехабилитира, да биде третирано со почит и љубов и да си најде семејство и дом.

На располагање Ви се пет термина за посета на Стационар Лана

1. Секој ПОНЕДЕЛНИК, ВТОРНИК, ЧЕТВРТОК, ПЕТОК во период од 10:00 – 14:00 часот (за сите граѓани, здруженија, љубители на кучиња )

2. И за време на викенд во САБОТА во период од 10:00 – 14:00 часот (за сите граѓани, здруженија, љубители на кучиња )

Share This