
Мара – куче за човек со искуство
Нашата Мара е посебна. Таа не го положи тестот за социјализација – агресивна е и знае да покаже недоверба кон луѓето. Тоа е дел од нејзината природа и не смееме да го сокриеме. Но истовремено, Мара е многу лично куче – има свој карактер, своја сила и своја приказна.
Мара не е за секого. Таа бара вдомувач со искуство, трпение и одговорност, кој ќе знае да ја чува соодветно на нејзината состојба. Некој што ќе ја прифати таква каква што е – со нејзините мани, но и со нејзината уникатност, а таа со текот на времето ќе научи за љубов и ќе ја возврати.
Мара заслужува да има дом каде ќе биде разбрана и заштитена. Со вистински човек покрај себе, таа може да живее мирно и достоинствено, без да биде осудена туку ќе биде научена на милост, нежност, верност и љубов – Таа ќе го почувствува тоа и ќе се промени. Какви сме ние луѓето кон нив – така и тие ќе се однесуваат кон нас. Ако даруваме љубов и почит, тоа и ќе добиеме
📩Ако верувате дека имате искуство и сила да ја чувате Мара, контактирајте нè. Таа чека човек кој ќе ја разбере и ќе ѝ даде шанса за нов почеток.
ПОЛ: ЖЕНСКИ
ВОЗРАСТ –2 ГОДИНИ
РАСТ – СРЕДЕН
РАСА- МЕЛЕЗ
ТЕЖИНА – 23 КГ
ЗДРАВСТВЕН СТАТУС – ЗДРАВА – ЕДИНКА
ТЕСТ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА: НЕ ГО ПОЛОЖИ
СТЕРИЛИЗАЦИЈА/КАСТРАЦИЈА – ДА
ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС