+389 78 411 177 info@lana.mkadminlana.mk


Вале – грациозен чувар со срце
ВДОМИ!!! ПОДАРИ ШАНСА!!
Вале е прекрасно, големо куче кое со својата грациозност и одлучност веднаш освојува внимание. Таа е сигурен чувар за имот, градина и дом – куче кое ќе ви подари мир и сигурност. Но, Вале не е само чувар, таа е и верен другар која сака да биде во друштво со луѓето што ги познава и со добро се сложува со други кучиња.
Зад силениот изглед се крие топло срце кое копнее по љубов и внимание. Вале е куче кое ќе ви подари доверба и нежност, а за возврат бара само една шанса да биде сакана и да стане дел од семејство.
Ако не можете лично да го вдомите, помогнете со едноставен чекор – споделете ја оваа објава. Можеби токму некој Ваш пријател или познаник бара куче како Вале. Со секое споделување му подаруваме нова можност да биде забележан и да си најде свој дом.
Сите заедно можеме да им подариме иднина на овие кученца. Вале веќе ја чека својата – дајте шанса да стане дел од нечие семејство. 🐾❤️

Share This