Вдоми! Подари шанса!
Вдоми! Подари шанса!
Џасмин, Шарко, Мара и Рики – четири прекрасни кучиња со различни приказни, но со иста судбина. Сите тие не го положија тестот за социјализација. Сите покажале агресија, недоверба и одбрана. Но тоа не значи дека се безнадежни. Тоа значи дека им требаат луѓе со искуство, трпение и љубов – луѓе кои ќе знаат да ги прифатат такви какви што се.
Овие кучиња не се за секого. Но за вистинскиот вдомувач, тие ќе бидат одлични чувари – на дом, викендица, градина, нива или индустриски објект. Тие имаат природна сила, будност и карактер што ги прави верни заштитници.
Иако нивното минато е тешко, со вистински човек покрај себе тие можат да се променат. Од кучиња кои се бранат, да станат кучиња кои веруваат. Од осамени души во кафез, да станат чувари на домот и срцето на својот човек.
Бараме соодветни вдомувачи – луѓе кои ќе ја препознаат нивната вредност и ќе им дадат нов почеток. Џасмин, Шарко, Мара и Рики чекаат да бидат дел од приказна во која ќе има доверба, сигурност и љубов.