
Одговорното сопствеништво не е само љубов – тоа е обврска, грижа и влијание врз целата заедница. Оваа тема станува сè поважна, но предизвиците остануваат големи.
– Што значи да си одговорен сопственик?
Одговорното сопствеништво подразбира многу повеќе од тоа да се има миленик. Тоа значи:
Редовна грижа – храна, вода, ветеринарна заштита, вакцинации и третмани против паразити.
Чипирање и регистрација – за да се обезбеди идентификација и одговорност.
Стерилизација – за спречување неконтролирано размножување и намалување на бројот на напуштени животни.
Безбедност и социјализација – миленикот да не претставува закана за други животни или луѓе.
Животна средина – чистење по миленикот, почитување на јавен простор и соседите.
Иако, постои законска рамка, стапката на одговорно сопствеништво е ниска. Многу миленици не се чипирани, не се стерилизирани, а дел од сопствениците ги напуштаат или ги оставаат без надзор.
Ова води до:
Зголемен број скитници, особено кучиња.
Општествена тензија – страв, несигурност, па дури и насилни реакции.
Оптоварување на јавните претпријатија и засолништа, кои често немаат доволно ресурси.
Потребно е да се одржуваат дебати и кампањи за подигнување на свеста, Но, потребна е поширока мобилизација – институции, медиуми, граѓани.
Како можеме да помогнеме?
Информирај се и едуцирај други.
Стерилизирај и чипирај.
Биди пример во твојата улица, населба, град.
Одговорното сопствеништво не е само личен избор – тоа е култура, здравствена превенција, и човечка добрина.