Во јуни бевме домаќини на ученици од ОУ Сандо Масев – Струмица и ОУ Видое Подгорец. Најпрво да се зблагодариме на класните раководители односно оделенските наставници – кои се потрудија да ја организираат оваа постета. Учениците се запознаа со работата на нашето Јавно Претпријатие Стационар Лана Струмица.
Навистина беа воодучевени од оваа посета, со убави впечатоци, и со радост и воодушевување ќе ја раскажуваат оваа посета на своите родители, баби дедовци – со што и пошироката јавност ќе се запознае со нашата работа.
Да спомнеме дека Стационар Лана е отворен за посета за сите граѓани, здуженија кои сакаат да не посетат во понеделник, вторник, четврток петок и сабота од 10:00 дo 14:00 часот.
Повлете, можеби ќе Ви се допадне некоe бездомно кученце и ќе си го вдомите. (Можете и да ги видите и на оваа веб страна – ВДОМИ МИЛЕНИК)
НЕ КУПУВАЈТЕ МИЛЕНИК – ПОВЛЕТЕ ВДОМЕТЕ БЕЗДОНО КУЧЕ. Со тоа бројот на бездомните кучиња ќе се намали, а и бездомните кучиња неместо повторно на улица ќе бидат згрижени. И да, тие ќе Ви вратат со верност и пријателство – бидете сигурни во тоа.