Во периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година, на територијата на Општина Струмица, нашата организација има заловено вкупно 454 бездомни кучиња. На територијата на Општина Велес имаме заловено 42 бездомни кучиња и Општина Гевгелија 15 бездомни кучиња. Вкупниот број на заловени бездомни кучиња за овој период е 511.
Вкупниот број на стерилизирани / кастрирани (третирани) кучиња изнесува 450, од кои 62 се вдомени, а остатокот се вратени на реонот каде се заловени.
Вкупниот број на евтанизирани кучиња за истиот тој период изнесува 52.
За сите заловени кучиња во овој период се води архивирана детална евиденција, за секој вид на третман, локација на заловување и враќање, вдомување и причините за евтанизација кучињата кои морале да го поминат тој процес.